Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Компанија за кредитен рејтинг: „Русија можеби веќе банкротирала“

Компанија за кредитен рејтинг: „Русија можеби веќе банкротирала“
300x250 opst2

Русија можеби веќе банкротирала бидејќи не ги сервисира своите доларски обврзници во време на западни санкции поради војната во Украина, објави компанијата за кредитен рејтинг на обврзници „Мудис“ (Moody’s), што не се случило од годините веднаш по Октомвриската револуција во 1917 година.

На 4 април, Русија изврши исплати за две државни обврзници – со рок на доспевање во 2022 и 2042 година – во рубли, а не во долари. „Договорите за обврзници не содржат одредби за отплата во која било валута освен долари“, соопшти агенцијата.

„Затоа, според дефиницијата на ‘Мудис’, може да се смета дека Русија е во банкрот ако не ги исполни обврските во долари до 4 мај, кога истекува едномесечниот грејс период“, се вели во соопштението на „Мудис“ од четвртокот.

„Мудис“ тврди дека некои еврообврзници издадени на Русија по 2018 година дозволуваат плаќање во рубли под одредени услови, но дека постарите од тој период не го дозволуваат тоа.

„’Мудис’ смета дека вложувачите не добиле договорена исплата во странска валута на датумот на доспевање на исплатата“, велат од агенцијата.

Русија ја повтори својата желба да го врати долгот, но Западот ја спречи со воведување строги санкции откако ја нападна Украина на 24. февруари.

Русија не отплати 40 милијарди долари внатрешен долг во 1998 година, па ја девалвираше рубљата во времето на претседателот Борис Елцин, бидејќи практично банкротираше по азиската должничка криза и падот на цената на нафтата.

Можете да прочитате

Трендафилов: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут