Утрински Весник
Свет

Николенко: Разочарувачки е двоумењето на Франција да го признае геноцидот врз Украинците

Николенко: Разочарувачки е двоумењето на Франција да го признае геноцидот врз Украинците

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко, изјави дека е разочарувачко двоумењето на Франција да го признае геноцидот врз Украинците, по се што направи руската армија во Буча, Мариупол и други градови.

– И зборувањето за „братски“ врски меѓу Русија и Украина е погрешно. Браќата не мачат, не силуваат, не убиваат туѓо семејство – рече тој.

Потсетуваме, руската инвазија на Украина започна на 24 февруари годинава, која Русите ја нарекуваат „специјална воена операција“.

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?