Утрински Весник
Македонија

Да се укинат ковид-сертификатите за влез во земјата, предлага Комисијата за заразни болести

Да се укинат ковид-сертификатите за влез во земјата, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести препорача да се укине задолжителното приложување сертификат за вакцинација или прележаност на Ковид-19 за влез во земјата. Од друга страна, овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителските објекти.

Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш, туку ваквите мерки да се воведуваат постепено.

„Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките“, изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

Предлогот за влез во земјава без сертификат треба да биде изгласан и на Влада.

Од таму вчера ја укинаа мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки и во јавниот превоз.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци