Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ковачевски: Русија има интерес од замрзнати конфликти на Балканот

Ковачевски: Русија има интерес од замрзнати конфликти на Балканот
Img 7972

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за австрискиот дневен весник „Ди Пресе“, се осврнува на континуираниот геостратешки интерес на Русија за Балканот.

„Западен Балкан отсекогаш бил од интерес за Русија. Нејзиното влијание преку медиумите, вклучително и преку некои политички партии, беше секогаш присутно. Русија има интерес од замрзнати конфликти на Балканот, кои им оневозможуваат на земјите да го изодат својот пат кон евроатлантските интеграции“, посочува Ковачевски за австрискиот медиум.

Тој порача и дека во време на воената агресија на Русија кон Украина, членството во НАТО е од огромно значење за Република Северна Македонија, особено за нејзината економија.

„Неиспровоцираниот напад на Русија врз Украина докажува дека членството во најголемиот светски одбранбен сојуз НАТО, е од огромно значење за секоја членка. Ние сме мала земја. Нашата безбедност ја гарантираат сите членки на НАТО, што има многу позитивни последици за нашето општество – исто така и за нашата економија. Затоа што странските инвеститори, особено оние од инфраструктурниот сектор, знаат дека се во безбедна земја, заштитена од НАТО“, истакнува премиерот Ковачевски во интервјуто за „Ди Пресе“.

Можете да прочитате

Во месец септември уапсени над 100 лица поради поседување на наркотични средства

Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата”

СДСМ: Аларамантно лоша состојба на Онкологија: нема лекови, нема реагенси, нема апарати!