Утрински Весник
Македонија

Демократски сојуз: Обвинителстово да ги гони сите убијци и прикривачи на убиството на хрватскиот ракометар

Демократски сојуз: Обвинителстово да ги гони сите убијци и прикривачи на убиството на хрватскиот ракометар

Демократскиот сојуз жестоко го осудува бруталното убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот, ги повикува надлежните институции да ги доведат пред лицето на правдата сите негови убијци и да ги расветлат сите мистерии околу овој свиреп настан.

„Демократскиот сојуз е особено загрижен поради ненавремената реакција на надлежните органи и здравствените институции веднаш по убиството, како и поради обидите да се покрие или забошоти овој настан, што му овозможи на еден од убијците доволно време да се даде во бегство“, велат од партијата.

Оттука го повикуваат обвинителството да отвори истрага за можно прикривање на убиството од страна на поединци во надлежните институции, за неукажување помош на хрватскиот ракометар од лицата кои немо го следеа неговото крвничко претепување, како и против обезбедувањето на дискотеката „Привилиџ“ кое не интервенираше да го спречи крвавиот настан.

Можете да прочитате

Камерите почнуваат да снимаат и возачи, а нови патролни возила ќе го детектираат хаосот од паркирање во Скопје

Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје 

Миноски: Инфлацијата не ја создаваат граѓаните, туку прекумерната државна потрошувачка