Утрински Весник
Магазин

„Калуш оркестра“ му се заблагодари на Борис Џонсон за посетата на Киев

„Калуш оркестра“ му се заблагодари на Борис Џонсон за посетата на Киев

Украинските претставници на Евровизија му се заблагодарија на британскиот премиер Борис Џонсон за посетата на главниот град на нивната земја, Киев.

Фаворитите за победа на натпреварот за песна на Евровизија што ќе се одржи следниот месец добија специјална дозвола да ја напуштат земјата поради настапи во Тел Авив и Амстердам.

Говорејќи за „Би-би-си Радио 1 њусбит“ , фронтменот на бендот „Калуш оркестра“, Олех Псиук, рече дека може „лично да ја почувствува поддршката на британскиот премиер во војната против Русија“.

Бендот треба да се врати во Украина подоцна оваа недела.

Можете да прочитате

Денеска е Меѓународен ден на писменост, 739 милиони возрасни лица немаат основни вештини

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден