Утрински Весник
Свет

Принцот Хари и Меган Маркл се во потрага по нов дом

Принцот Хари и Меган Маркл се во потрага по нов дом

Британските медиуми објавија дека принцот Хари и Меган Маркл бараат нов дом, а идеална дестинација за друга адреса е Њујорк и стан во близина на Обединетите нации.

Наводно, принцот Хари и Меган Маркл би го користеле станот во Њујорк како свој втор дом.Инаку, војводата и војвотката од Сасекс моментално живеат во вила во Калифорнија вредна речиси 15 милиони долари. Тие се преселиле во луксузен кварт во Монтесито во јуни 2020 година, само четири месеци откако решиле да почнат да живеат подалеку од Лондон и кралското семејство.

Сега британските медиуми пишуваат дека сакаат да имаат уште еден имот, во Њујорк, по можност во источниот дел на Менхетен во близина на Обединетите нации.

Војводата и војвотката беа во Њујорк во септември минатата година, но потоа како гости, кога ги посетија Обединетите нации и се сретнаа со Амина Мохамед, заменик генерален секретар на ОН.

Можете да прочитате

Папата изјави дека нема да стои со скрстени раце пред прекршувањата на човековите права во светот

Орбан наскоро испраќа бизнисмени во Русија за да се подготват за повоениот период

Филипини: Кина испука сигнални ракети кон авион над Јужното Кинеско Море