Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ поради повреда става крај на кариерата?

Ибрахимовиќ поради повреда става крај на кариерата?

Шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ можеби ќе биде приморан да ја заврши кариерата, откриваат италијанските медиуми. Тој заработи повреда на главата на минатонеделниот меч против Болоња, но многу поголема мака му создава хроничната повреда на коленото. Болката што ја чувствува Ибрахимовиќ станува неиздржлива за тој да продолжи да настапува во Серија А.

Раководството на Милан имаше намера да го задржи робусниот напаѓач и следната сезона, но по новиот развој на настаните тоа можеби и нема да се случи.

Во меѓувреме, Милан ја загуби и добитната позиција во Серија А во трката за шампионската титула.

> Ибрахимовиќ поради повреда става крај на кариерата? <

Можете да прочитате

Познати првите пет учесници во нокаут рундите на Лигата на шампионите

Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ слави 90 години постоење

Исландски судии за натпреварот Шкендија – Слован