Утрински Весник
Македонија

Во Никоб Лаб од утре гратис вино за секој Ковид 19 тест и биохемиска анализа: „За здравје да наздравиме со новото вино од винарија Парагон“

Во Никоб Лаб од утре гратис вино за секој Ковид 19 тест и биохемиска анализа: „За здравје да наздравиме со новото вино од винарија Парагон“

Во пресрет на пролетните празнични и семејни денови од утре „Никоб лаб“ го промовира новиот македонски традиционален бренд кој има светски вкус и исклучително трпезно црвено вино на винарницата Парагон THE BLACK SHEEP, од сопствени лозови насади во Лозово, рачно изработено по традиционални методи.

„Во виното е вистината кога се консумира умерено, а општо познато е дека чаша црвено вино е здраво и препорачливо. Со посебна гордост го промовираме овој нов македонски бренд, па затоа со секој  PCR-тест, брз антигенски тест или биохемиска анализа, полнолетните граѓани добиваат гратис шише  преубаво црвено вино од новата и урбана винарница Парагон“, велат од „Никоб лаб“.

Промоцијата ќе трае од утре 12 април до 3 мај 2022 година на следните локации на Никоб лаб во државата, Кисела Вода, Табановце, Велес, Кавадарци, Прилеп, Богородица, Кочани и Струмица.

(ПР)

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот