Утрински Весник
Магазин

Ликот што го глуми Крис Нот во „Праведник“ веќе го нема

Ликот што го глуми Крис Нот во „Праведник“ веќе го нема

Речиси пет месеци по исфрлањето од акционата крими-драма „Праведник“ (The Equalizer) по обвиненијата за сексуален напад, фановите, конечно, ја дознаа судбината на Вилијам Бишоп, ликот што го глуми Крис Нот во оваа серија.

Нот (67) доби отказ од серијата кон крајот на декември, а Си-би-ес открива дека ќе се појави во уште една епизода што била снимена пред да се појават обвинувањата против него.

Најновата епизода на „Праведник“, со наслов „Пулс“, открива зошто Вилијам Бишоп го немаше последните неколку месеци. Тој работел на истрага.

Подоцна се открива дека Бишоп загинал во авионска несреќа зад која стои непријателот на Робин Мекол (Квин Латифа), Мејсон Квин (Крис Венс).

По објавувањето на наводите за сексуален напад, реакциите беа брзи. Нот беше отпуштен од „Праведник“, а Ејч-би-о го избриша неговото појавување во финалето на новата сезона на „Сексот и градот“ (And Just Like That). Тој беше исфрлен и од агенцијата A3 Artists Agency.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста