Утрински Весник
Македонија

Тешко повредена жена од кочанско откако со возилoто кое го управувала излетала од патот

Тешко повредена жена од кочанско откако со возилoто кое го управувала излетала од патот

22-годишна жена од кочанско била тешко повредена откако со возилото кое го управувала излетала од патот, соопшти полицијата.

Имено вчера во 13.50 часот во СВР Штип, од Клиничката болница во Штип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.П.(22) од с.Жиганци, кочанско.

Според пријавеното, таа се здобила со повредите околу 12.30 часот на регионалниот пат во с.Жиганци кога со возилото „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, излетала од патот.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание