Утрински Весник
Македонија

314 санкции за брзо возење

314 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 314 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 169 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 145 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Мрѓа: 138 жртви, а никој не одговара – уште пострашен е молкот на цел народ

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта