Утрински Весник
Магазин

Бруклин Бекам ја сподели првата свадбена фотографија

Бруклин Бекам ја сподели првата свадбена фотографија

Синот на британскиот фудбалкски ас Дејвид Бекам и дизајнерката Викторија Бекам, Бруклин, и наследничката на американскиот милијардер Нелсон Пелц, Никол, ги разменија брачните завети пред семејството, пријателите, десетици славни личности и „Спајс грлс“ на блескава церемонија.

Двојката се венчаше во саботата во Палм Бич, Флорида, на елегантна церемонија одржана на семејниот имот на Пелц, со доволно простор за три огромни шатори на брегот на океанот.

Никол (27) и Бруклин (23) планираат повеќедневна прослава. Гостите пристигнаа во петокот и беа пречекани со коктели за добредојде пред свадбата и приемот во саботата попладне. Гламурозната свадба вклучуваше традиционална еврејска церемонија, а бабата на Никол беше нејзина деверуша, пренесува „Пипл“, цитирајќи еден од гостите.

Според инсајдерот, дестици низи орхидеи виселе од таванот на чупата, а имало и издигната писта, со вода и пловечки цвеќиња од двете страни. Невестата и младоженецот ги разменија брачните завети пред речиси 600 гости и еден рабин.

Никол беше облечена во венчаница на Валентино за нејзиниот голем ден. Таа се пресоблече во текот на приемот, вели изворот.

Марк Ентони изведе четири песни за среќната двојка кон крајот на вечерта на приемот одржан во третиот шатор. „Сцената буквално почна да ротира кога се појави тој!“ вели изворот.

„За време на долгиот говор, фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам зборуваше за раѓањето на Бруклин, нивниот семеен живот и колку е одлична мајка Викторија“, вели инсајдерот.

Бекамови изгледаат отмено, заедно со трите деца – Ромео, Круз и Харпер.

Можете да прочитате

Заедно за одржлива иднина: ОКТА трета година донира соларни централи – повеќе енергија, помалку трошоци, почиста околина

Европскиот шампион во мотоциклизам Мијалков стана татко по втор пат

УКИМ на Startup Revolution AI Summit 2025 и претставување на европскиот проект TECHSIGHT