Утрински Весник
Свет

Руските власти гневни откако „Јутјуб“ го блокира каналот на Думата

Руските власти гневни откако „Јутјуб“ го блокира каналот на Думата

Платформата „Јутјуб“ го блокираше рускиот парламентарен канал Дума ТВ. Во порака „Јутјуб“ објави дека каналот на Думата е укинат поради прекршување на условите за користење на платформата.

Овој потег предизвика бес кај руските власти, кои предупредија дека „Јутјуб“ може да се соочи со рестрикции како одговор.

Рускиот регулатор за комуникации „Роскомнадзор“ соопшти дека побарал од „Гугл“ да го врати пристапот до каналот на Думата, пренесува „Ројтерс“.

„Американската ИТ компанија има силна антируска позиција во информативната војна што Западот ја започна против нашата земја“, соопшти „Роскомнадзор“.

Од „Гугл“ за „Ројтерс“ изјавиле дека се посветени на почитување на сите важечки санкции и закони.

„Ако утврдиме дека некој налог ги прекршува нашите услови за користење, ќе преземеме соодветни мерки. Нашите тимови внимателно ја следат ситуацијата за какви било ажурирања или промени“, порачале од „Гугл“.

Можете да прочитате

Трамп: Националната гарда ја презема контролата врз спроведувањето на законот во Вашингтон

Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа

Руски војници пристигнаа во Белорусија, тврдат Украинците