Утрински Весник
Свет

Нападнат руски нобеловец – напаѓачите извикувале „за нашите момци“

Нападнат руски нобеловец – напаѓачите извикувале „за нашите момци“

Дмитриј Муратов, главен уредник на еден од водечките независни весници во Русија, „Новаја газета“, изјави дека бил нападнат од напаѓач што фрлил мешавина од црвена боја и ацетон кон него.

Муратов, добитник на Нобеловата награда за мир за 2021 година со филипинската новинарка Марија Реса, во четвртокот бил во воз што тргнал од Москва за Самара кога се случил нападот.

На фотографијата на Мурат, објавена на „Телеграм“, се гледаат неговата глава, кошулата, рацете покриени со црвено.

Муратов рече дека напаѓачот извикал: „Муратов, за нашите момци!“

За нападот проговори во новото европско издание на „Нова газета“ велејќи дека очите му гореле многу.

„Новаја газета“, водечкиот независен руски весник, престана да работи минатиот месец откога објави дека добил предупредувања од руските власти, пишува „Гласот на Америка“.

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп