Утрински Весник
Економија

Австрија: Ембаргото на рускиот гас би предизвикало криза од незамисливи размери

Австрија: Ембаргото на рускиот гас би предизвикало криза од незамисливи размери

Претседателот на Фискалниот совет на Австрија, Кристоф Баделт, предупредува дека ембаргото за увоз на руски гас би предизвикало тешки последици за австриската економија.

„Ако ЕУ воведе ембарго на рускиот гас, тогаш би можеле да се соочиме со криза чии размери не ни можеме да ги замислиме“, рече Баделт.

Доколку има недостиг од испоракa на руски гас, политиката треба, смета тој, да се фокусира на тоа да се спречи масовната сиромаштија поради бројните прекини во производството.

Баделт истакнува дека ќе бидат потребни насочени стимулативни мерки за групи на засегнати луѓе и бизниси.

Можете да прочитате

Македонија може да придонесе кон европската сигурност со критични суровини, но потребно е усогласување со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче продолжуваат со старата матрица, политика на страв и паника, банкарскиот сектор е стабилен 

ЛДП: Народна банка бара нов сопственик за Алта Банка, народот бара одговорност