Утрински Весник
Економија

Австрија: Ембаргото на рускиот гас би предизвикало криза од незамисливи размери

Австрија: Ембаргото на рускиот гас би предизвикало криза од незамисливи размери

Претседателот на Фискалниот совет на Австрија, Кристоф Баделт, предупредува дека ембаргото за увоз на руски гас би предизвикало тешки последици за австриската економија.

„Ако ЕУ воведе ембарго на рускиот гас, тогаш би можеле да се соочиме со криза чии размери не ни можеме да ги замислиме“, рече Баделт.

Доколку има недостиг од испоракa на руски гас, политиката треба, смета тој, да се фокусира на тоа да се спречи масовната сиромаштија поради бројните прекини во производството.

Баделт истакнува дека ќе бидат потребни насочени стимулативни мерки за групи на засегнати луѓе и бизниси.

Можете да прочитате

Парите што Владата ги позајми од М-Нав ќе се користат за плаќање кинески кредити

СДСМ: ВМРО-ОКГ се фали со туѓи резултати, а економијата тоне

Мазутот бил со соодветен квалитет, РКМ им заштедило на граѓаните милиони кои би ги платиле со повисоки сметки за струја!