Утрински Весник
Свет

САД ја предупредија Индија да не се приближува до Русија

САД ја предупредија Индија да не се приближува до Русија

Главниот економски советник на американскиот претседател, Џо Бајден, рече дека САД ја предупредиле Индија дека не сакаат земјата премногу да се доближи до Русија.

„Нашата порака до индиската влада е дека трошоците и последиците од преминот кон поексплицитно стратешко партнерство со Русија ќе бидат значајни и долгорочни“, изјави за новинарите во средата директорот на Националниот економски совет на Белата куќа, Брајан Дис.

„Сигурно има области каде што сме разочарани од одлуките на Кина и Индија, во контекст на инвазијата“, додаде тој.

Индија одби да воведе санкции кон Русија. Земјата е најголемиот увозник на руско оружје, според Блумберг.

Веста, според Си-Ен-Ен, доаѓа откако заменик-советникот за национална безбедност на САД, Дејп Синг, беше во официјална посета на Индија минатата недела.

„Она што Дејп им го кажа јасно на своите колеги за време на оваа посета е дека не веруваат оти е во интерес на Индија да го забрза или зголеми увозот на руска енергија и други стоки“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки по враќањето на Синг оваа недела.

Можете да прочитате

Трамп по рацијата во Хјундаи: Почитувајте го законот и обучете ги Американците за вашата работа

Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот

Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин