Утрински Весник
Свет

Франција: Масакрот во Буча не смее да остане без одговор, подготвени сме на драстични мерки

Франција го нарече масакрот на цивилите во Буча „нов чекор во ужасот“ и вети дека ќе стори сé што е можно за таквото злосторство да не помине неказнето.

Франција се залага за уште построги санкции против рускиот режим, изјави портпаролот на француската влада Габриел Атал на денешната прес-конференција.

„По масакрот, мораме да одиме чекор понатаму. Претседателот Макрон му рече на претседателот Зеленски дека немаме табуа во однос на санкциите и повтори дека сме подготвени за драстични мерки во однос на увозот на руските јаглен и нафта“, рече портпаролот.

На прашањето зошто Франција не го забранува увозот на руски гас од Русија, Атал рече дека за санкциите „се разговара на ниво на ЕУ“ и додаде дека таквиот потег ќе биде полесен за Франција, која увезува само 20 отсто од рускиот гас, отколку за другите земји кои увезуваат 50, 60 или дури 100 отсто од нивниот гас од Русија.

Можете да прочитате

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра