Утрински Весник
Свет

НАТО: Нема индикации дека Путин го променил планот за Украина

НАТО: Нема индикации дека Путин го променил планот за Украина

Генералниот секретар на НАТО им се обрати на новинарите во Брисел, каде попладнево се состануваат министрите за надворешни работи на НАТО.

„Не видовме никакви индикации дека претседателот Путин го променил својот план да ја контролира цела Украина и да го промени меѓународниот поредок“, рече Јенс Столтенберг.

Тој додаде дека НАТО мора да ја поддржи Украина, да ги задржи санкциите кон Русија и да ја зајакне својата одбрана и средствата за одвраќање.

Тој додаде дека конфликтот може да трае долго и дека мора да бидат подготвени за тоа.

Можете да прочитате

Иранците запалија џиновски транспарент со Трамп, Венс, Нетанјаху и Виткоф

Зеленски се надева дека победата на демократите во САД ќе ѝ помогне на Украина

Што ги поврзува поразите на Орбан, Вучиќ и Трамп?