Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје распишува нов и оригинален Конкурс за современи авторски бајки посветени на Градот Скопје.
Ликовите, настаните, атмосферата, визиите и локалитетите треба да се поврзани со Градот Скопје.
Темите и мотивите се слободни, како и начините за стилска и изразна постапка од страна на самите автори.
Обемот на авторските бајки треба да биде од 3-10 страници (текст на А4 формат), а бројот на авторските бајки воопшто не е ограничен, што значи дека еден автор може да испрати повеќе свои авторски бајки.
Сите бајки треба да бидат потпишани со името и презимето на авторот, а во прилог треба да се наведе и неговиот мејл, телефонски број и години на возраст.
Рокот за испраќање на авторските бајки е од 5 април – 5 мај 2022 година.
Текстовите на авторските бајки треба да се испраќаат на следниов мејл: info@viart.mk
Избраните авторски бајки ќе бидат објавени во посебно издание – книга со наслов Авторски бајки за Скопје.
Текстот Конкурс за авторски бајки за Скопје е превземен од МАКФАКС.