Утрински Весник
Свет

Шолц го повика Путин веднаш да ја прекине војната во Украина

Шолц го повика Путин веднаш да ја прекине војната во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц го повика рускиот претседател Владимир Путин веднаш да стави крај на деструктивната војна во Украина и вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина на секој можен начин, додека Кремљ не ги повлече своите војници.

„Повлечете ги своите војници од Украина, а дотогаш ќе направиме сè  што можеме за да продолжиме да ја поддржуваме Украина“, рече Шолц, обраќајќи се пред Долниот дом на Бундестагот.

Тој нагласи дека Германија испорачува оружје на Украина од воени складишта, кои се брзо достапни и ефикасни, пренесува „Ројтерс“.

„Нашата цел мора да биде Русија да не победи во оваа војна“, рече Шолц.

Можете да прочитате

Иран се заканува: „Оваа војна е сè или ништо“

Трамп размислува за напади врз Мали

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп