Утрински Весник
Свет

Фон дер Лаен: Мора да го зголемиме притисокот врз Путин со заострување на санкциите

Фон дер Лаен: Мора да го зголемиме притисокот врз Путин со заострување на санкциите
Dik 300x250 mk

„Мораме повторно да го зголемиме притисокот врз Путин и руската влада, затоа предлагаме уште повеќе да ги заостриме нашите санкции“, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на својот Твитер профил.

Фон дер Лајен изјави дека санкциите ги ограничуваат политичките и економските опции на Кремљ и дека тие имаат многу посилен ефект врз Русија.

„Ова нема да бидат нашите последни санкции“, посочи претседателката на Европската комисија.

„Никој не може да биде неутрален кога ќе се соочи со таква гола агресија врз цивилите. Не станува збор само за војната на Путин. Ова ќе дефинира и како во иднина ќе ги третираме ваквите прекршувања на меѓународното право на глобално ниво“, истакнува Урсула фон дер Лаен.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно