Утрински Весник
Свет

САД за утре најавија нови остри санкции: Руската клептократија ќе се соочи со невидени трошоци

САД за утре најавија нови остри санкции: Руската клептократија ќе се соочи со невидени трошоци

САД за утре најавуваат нов нов пакет на санкции против Русија во координација со земјите-членки на Г7 и Европската унија, изјавил претставник на администрацијата на Бајден за Си-ен-ен.

„Новиот пакет санкции ќе предизвика нови значителни трошоци за Русија и ќе ја турне во натамошна економска, финансиска и технолошка изолација“, рекол претставникот.

Со новите санкции ќе се забранат нови инвестиции во Русија, ќе се заострат постоечките санкции кон финансиските институции и државните компании. Мерките ќе бидат насочени и против руски владини претставници и членови на нивните семејства.

„Овие мерки ќе ги деградираат клучните инструменти на руската државна моќ и ќе наметнат акутна и брза економска штета на Русија. Тие ќе ја таргетираат руската клептократија која ја финансира и поддржува војната на Путин“, рекол претставникот, додавајќи:

„Мерките беа одредени во координација со нашите сојузници и партнерите, тие ја демонстрираат нашата решителност и единство во наметнувањето невидени трошоци за Русија поради војната против Украина“.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока