Утрински Весник
Економија

Путин предупредува за недостиг на храна: „Ќе внимаваме колку извезуваме во непријателските земји“

Путин предупредува за недостиг на храна: „Ќе внимаваме колку извезуваме во непријателските земји“

Владата треба да регулира одредени залихи, вклучително и семиња и гориво, предупреди рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање.

За тоа го обвини глобалниот недостиг на храна, а не западните санкции кон Русија.

„Јасно е дека оваа година, во услови на глобален недостиг на храна, ќе треба да бидеме повнимателни во снабдувањето со храна за странство, односно внимателно да ги следиме параметрите на таквиот извоз во земјите кои се јасно непријателски настроени кон нас“, изјави Путин. Тој рече и дека пазарот на ѓубрива веќе е регулиран од владата и дека треба да се контролира снабдувањето со гориво и семиња во земјата.

„Соочени со надворешни ограничувања, најважното прашање е достапноста на модерна опрема и делови за поправка“, додаде тој.

Западните санкции кон Русија беа воведени поради грешки во економската, енергетската и прехранбената политика на развиените земји, што доведе до повисоки цени и недостиг на залихи на храна, рече Путин.

„Во позадината на минималните залихи на храна во светот, се воведуваат нови санкции, блокирана е работата на компаниите и логистиката за испорака на ѓубрива од Русија и Белорусија, а производството на ѓубрива на Западот паѓа поради високите цени на природниот гас, што всушност е резултат на активностите на нашите западни партнери“, посочи рускиот претседател.

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Раст на БДП од 4,3 проценти – потврда дека економијата забрзува

Индустријата расте, но рударството паѓа – без нови инвестиции секторот ризикува дополнително да се намалува

Гувернерот Славески на средба со претставници на Амбасадата на САД