Утрински Весник
Македонија

Шпанска државјанка присилувана на сексуални односи во Струга

Шпанска државјанка присилувана на сексуални односи во Струга

По барање на Интерпол Шпанија, полициски службеници од полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка, вчера ја пронашле К.М.Т. (39) од Шпанија во хотел во Струга.

Како што пријавила таа, во Струга пристигнала преку Тирана, по претходен договор со 29-годишниот Ш.С. од струшкото село Радолишта, по што тој без нејзина согласност неколку дена ја држел затворена во соба во хотел во Струга и ја присилувал на сексуални односи.

Синоќа околу 21.30 часот во полициската станица во Струга бил приведен Ш.С. и со него бил извршен службен разговор. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Претрес во скопско Арачиново, приведено едно лице, пронајдени над два килограми марихуана

Сончево време со мала до умерена локална облачност

Полициска акција во Скопје – пронајдени пет килограми марихуана кај татко и син