Утрински Весник
Економија

Австрија и Германија против воведување ембарго на увозот на руски гас

Австрија и Германија против воведување ембарго на увозот на руски гас

Официјална Виена се противи на воведување ембарго за увоз на руски гас, а министерот за финансии на Австрија Магнус Брунер денеска пред состанокот на Еврогрупата во Луксембург изјави дека Австрија целосно се согласува со Германија и го отфрла ембаргото за рускиот гас.

Претходно, германскиот министер за економија Роберт Хабек се изјасни против итно воведување ембарго за увоз на енергенси од Русија.

„ Санкциите се корисни само доколку не го погодат оној што ги воведува“ рече Брунер.

Тој посочи дека е неопходно да се задржи ладна глава, особено во однос на ембаргото за увоз на гас. Брунер рече и дека Австрија, како и Германија, е многу зависна од рускиот гас.

На среден рок, вели тој, целта е да се намали зависноста од рускиот гас, но додава дека е нереално да тоа да биде денес или утре. Тој смета дека наместо тоа треба да се прошири списокот на лица и организации против кои се воведуваат санкции.

Против ембаргото за увоз на руски гас се изјасни и австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг. Тој рече дека е шокиран од фотографиите од Буча, додавајќи дека се неопходни дополнителни санкции против Русија.

„ Набрзина работиме на натамошниот пакет санкции, кој ќе биде усвоен оваа недела. Се уште има доволно можности за санкции надвор од ембаргото за гас“ објасни Шаленберг.

Можете да прочитате

СДСМ: Инфлација од 4,4% беснее и во август, власта не носи ниту една мерка

Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво, 0,2 на месечно

Поскапуваат горивата – 24info.mk