Утрински Весник
Економија

Од полноќ пониски цени на горивата

Од полноќ пониски цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 проценти во однос на одлуката од 1 април.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 82,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,976 ден/кг, и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,154 ден/кг.

Од 5.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 82,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 54,154 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,646% или за 17,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,275% или за 25,900 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,931 % или за 20,500 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,204% или за 15,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,8040 ден/$ и е за околу 0,223 % понизок од курсот на доларот (55,9286 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Од Регулаторната комисија напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можете да прочитате

„Кој купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

СДСМ: Инфлацијата од 4,5% руши рекорди – граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ