Утрински Весник
Економија

Макрон бара забрана за увоз на руски јаглен и нафта

Макрон бара забрана за увоз на руски јаглен и нафта
Dik 300x250 mk

Францускиот претседател Емануел Макрон реагираше на масакрот во Буча повикувајќи на забрана за увоз на руски јаглен и нафта, пренесува „Киев Индипендент“.

„Постојат многу јасни индиции за воени злосторства“, обвини тој.

Францускиот претседател истакна дека поддржува дополнителни санкции против Москва поради убиство на стотици украински цивили во Буча, во близина на Киев.

Макрон е лидерот на ЕУ кој разговарал со рускиот претседател Владимир Путин најмалку десет пати од почетокот на руската инвазија на Украина.

Претходно реагираше и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Силно ги осудуваме очигледните злосторства на силите на Кремљ во Буча и низ цела Украина. Ние се стремиме кон одговорност користејќи ја секоја достапна алатка“, напиша Блинкен на Твитер.

И премиерите на Јапонија и на Нов Зеланд се приклучија на меѓународната осуда на Москва откако се појавија фотографии дека руските сили извршиле злосторства врз цивилите во Украина.

 

Русија ги негира обвинувањата тврдејќи дека снимките се нарачка од САД и НАТО, а руските војници се повлекле од Буча на 30 март.

Можете да прочитате

Стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра, над 3.000 евра за квадратен метар

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој од 28 до 30 октомври

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити