Во понеделник на 4 април во фоајето на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ под диригентската палка на маестро Борјан Цанев ќе ги изведе делата АДАЃО за гудачки оркестар од Кирил Македонски, ЦИКЛУС за сопран и гудачки оркестар од Благоја Ивановски, ПОЕМА за гудачки оркестар од Драгослав Ортаков, ЗАПИСИ за глас и гудачки оркестар од Михајло Николовски, КОНЧЕРТИНО за гитара и гудачки оркестар од Јане Коџабашија и КАЛЕШ АНЃО за сопран и гудачки оркестар од композиторот Благој Цанев.
Текстот Концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ е превземен од МАКФАКС.