Утрински Весник
Свет

Украина: Владимир Зеленски и Владимир Путин најверојатно ќе се сретнат во Турција

Украина: Владимир Зеленски и Владимир Путин најверојатно ќе се сретнат во Турција

Местото на средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски најверојатно ќе биде Турција, изјави денеска украинскиот преговарач Дејвид Арахамија.

Според Интерфакс Украина, Арахамија за украинската телевизија изјавила дека времето и местото на средбата се уште не се познати, пренесе Ројтерс.

Двете страни ги оценија преговорите во последните денови како тешки.

Украинскиот преговарач Дејвид Арахамија денеска изјави дека Русија укажала дека нацрт-мировниот договор е во фаза што е доволно далеку за да може да се организираат директни консултации меѓу лидерите на двете земји, пренесе украински Интерфакс.

Агенцијата ја цитираше изјавата на Арахами за украинската телевизија дека Русија ја прифатила севкупната позиција на Украина, со исклучок на нејзината позиција за Крим, пренесе Ројтерс.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен