Утрински Весник
Спорт

Мундијалот го доби костурот: Србите пак налетаа на Бразил, а Шпанија и Германија се во иста група

Мундијалот го доби костурот: Србите пак налетаа на Бразил, а Шпанија и Германија се во иста група

Во Доха беа извлечени групите за Светското првенство во Катар. Ќе биде интересно, а и многу тешко за Србија, во иста група се најдоа и Шпанија и Германија, а релативно лесно поминаа Англија и Аргентина.

Мундијалот ќе го отвори домашната репрезентација на Катар против Еквадор на 22 ноември. Светскиот првак Франција ќе почне да ја брани титулата против квалификантот 1, Данска и против Тунис.

Нашиот северен сосед Србија, доби речиси идентична група како на мундијалот во Русија, а ќе го отвори Светското првенство со дуел против Бразил во групата Г. Во групата се и Швајцарија и Камерун.

Интересна е групата Е, каде се поранешните светски прваци Шпанија и Германија, заедно со Јапонија и подобриот од баражот Нов Зеланд – Костарика.

Аргентинците добија реално лесна група и ќе играат против Саудиска Аарбија, Мексико и Полска.

ГРУПА А
Катар
Еквадор
Сенегал
Холандија

ГРУПА Б
Англија
Иран
САД
Украина/Шкотска – Велс

ГРУПА Ц
Аргентина
Саудиска Арабија
Мексико
Полска

ГРУПА Д
Франција
ОАЕ/Австралија – Перу
Данска
Тунис

ГРУПА Е
Шпанија
Нов Зеланд/Костарика
Германија
Јапонија

ГРУПА Ф
Белгија
Канада
Мароко
Хрватска

ГРУПА Г
Бразил
Србија
Швајцарија
Камерун

ГРУПА Х
Португалија
Гана
Уругвај
Јужна Кореја

> Мундијалот го доби костурот: Србите пак налетаа на Бразил, а Шпанија и Германија се во иста група <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД