Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Осуден полициски началник на Спасовски за предизборни притисоци

(Видео) Стоилковски: Осуден полициски началник на Спасовски за предизборни притисоци

Политичкиот притисок и злоупотребите на полицијата во изборни цели при последните локални избори почнаа да излегуваат на површина. Ова е копија на судски документ во којшто стои дека еден од првите луѓе на Оливер Спасовски, Владимир Ристов – познат како Камењар, – Началник на единицата за економски криминал, заедно со уште тројца негови колеги, креирале полициски случај и ја злоупотребиле својата положба врз кандидат за градоначалник којшто не е од СДСМ, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски додава дека Ристов, познат близок соработник на Оливер Спасовски е осуден за несовесно работење по член 353 од КЗ.

Документот од Основниот кривичен суд Скопје докажува дека Оливер Спасовски ја злоупотребува својата позиција и наместо да се бори со изборни нерегуларности, неговите луѓе работат по партиска насока за притисоци и креирање недемократска атмосфера за политичките противници на СДСМ.

Ова е судски документ којшто открива многу повеќе од тоа што СДСМ и Оливер Спасовски сакаат од го сокријат од јавноста. Овој документ покажува класична злоупотреба и партизација на полицијата за којашто укажувавме во време на изборниот период. Овој документ покажува дека се кршат основните столбови на демократијата во заштита на криминалот и корупцијата.

Дури и исклучително заробеното судство не може да ја сокрие злоупотребата на МВР од СДСМ.

Секој еден ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори, изјави Стоилковски.

Можете да прочитате

ССМ најави масовен протест на 28 јануари

Прекини на електрична енергија утре во дел од Тетово

 Премиерот од Давос на низа средби со државни и бизнис делегации