Утрински Весник
Култура

Македонија ќе ги зајакнува културно-образовните врски со Индија

Македонија ќе ги зајакнува културно-образовните врски со Индија

Пријателските односи и културно-образовните врски меѓу Репубика Северна Македонија и Република Индија бележат континуиран подем и во наредниот период ќе работиме на нивно јакнење, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Индија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Санџај Рана. Министерот Шаќири посебно ја нагласи соработката во сферата на високото образование.

„Двајца наши студенти имаат можност да студираат во Индија во академската 2022/2023 како стипендисти на Индискиот совет за културни односи. Со амбасадорот Рана оценивме дека тоа е исклучителна можност за продолжување на образованието, стекнување нови знаења и искуства како и за запознавање со убавините на Индија. Тоа е еден од начините за зацврстување на добрите врски меѓу луѓето од двете земји“, посочи Шаќири, додавајќи дека еден од цврстите темели на пријателството со Индија е Мајка Тереза, која е родена во Скопје, но Индија ја одбрала за да се посвети на хуманитарна работа.

На средбата, министерот го запозна индискиот амбасадор со приоритетите на Министерството во наредниот период, укажувајќи на важноста на реформите кои се одвиваат во основното и средното образование, со цел подигнување на квалитетот на воспитно-образовниот процес и приближување до европските образовни системи.

Новоименуваниот амбасадор Рана истакна дека приоритет на Владата на Индија е унапредувањето на билатералните односи со Северна Македонија и зајакнување на соработката во делот на технологијата.

Текстот Македонија ќе ги зајакнува културно-образовните врски со Индија е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“