Утрински Весник
Македонија

Демократскиот сојуз: Резултатите од пописот не се одраз на реалноста

Демократскиот сојуз: Резултатите од пописот не се одраз на реалноста

Според првичните анализи на објавените податоци од пописот, Демократскиот сојуз, оценува дека тие не се одраз на фактичката состојба.

„Во дијаспората, проценките се дека само околу 10% од Македонците се попишани, додека во Македонија, од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани. Овие бројки го наметнуваат заклучокот, дека пописот е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста“, е наведено во писмената реакција од страна на оваа партија.

Додаваат дека има многу фактори кои влијаеле пописот да не успее: „деструкцијата и повикот за бојкот на некои партии, лошите подготовки, методологијата за спроведување на пописот, партизацијата, слабата обука на попишувачите, отсуството на контрола и сл“, посочуваат од Демократскиот сојуз.

Демократскиот сојуз предлага да се направат дополнителни вкрстувсња и проверки на податоците, а за нерезидентното население (иселеници) да се спроведе дополнителен попис.

Можете да прочитате

Зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина

Помош или навреда? 81 денар исплатени за штети од земјотрес во Битола

Јаневска: Предлог законот за високо образование ќе се надгради со сите издржани сугестии на академската заедница и пошироката јавност