Утрински Весник
Свет

Големи поплави во Австралија: Илјадници луѓе принудени да ги напуштат своите домови

Големи поплави во Австралија: Илјадници луѓе принудени да ги напуштат своите домови

Обилните дождови го поплавија источниот брег на Австралија во средата, а илјадници ги напуштија своите домови по втор пат во последните неколку недели, откако надојдените води ги поплавија реките и ги пробија насипите.

Неколку градови во северниот дел на Нов Јужен Велс, кои веќе беа погодени од рекордни поплави пред повеќе од еден месец, беа погодени од интензивен систем со низок притисок во текот на ноќта што предизвика поплави. Во некои региони врнежите го достигнаа вообичаеното количество за помалку од шест часа, изјавија официјални лица, пренесе Ројтерс.

„За жал, во текот на ноќта, нашите најлоши стравови беа исполнети со значителни обилни врнежи од веќе натопени предели“, рече министерката за итни случаи на Нов Јужен Велс, Стефани Кук на прес-конференција.

Главната улица во Бајрон Беј, популарна туристичка дестинација на околу 750 километри северно од Сиднеј, беше поплавена додека неколку продавници биле под вода.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури