Утрински Весник
Македонија

Утре истекува рокот за финансиска помош од општина Аеродром

Утре истекува рокот за финансиска помош од општина Аеродром

Општина Аеродром информира дека утре, 31 март (четврток), е последниот ден за пријавување на двата јавни повика за 2022 година за доделување финансиска поддршка за програмски активности на здруженија и фондации во делот на образованието, културата и заштитата, како и за финансиска поддршка на спортските клубови и спортските здруженија кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината.

Огласот е објавен и на веб-страницата на Општина Аеродром на линкот http://aerodrom.gov.mk/vest/7903, на кој може да се видат условите за повикот и начинот на пријавување.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса: Општина Аеродром бул. „Јане Сандански“ 109 Б,1000 Скопје или во архивата на Општината. Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „Не отворај“, информираат од општината.

Со финансиската поддршка Општина Аеродром очекува да се подобри работата на здруженијата, фондациите и спортските клубови кои придонесуваат за развој на спортот, образованието, културата, како и заштитата.

Можете да прочитате

Возрасна жена во Куманово удрена од автомобил, возачот побегнал од местото

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

Пијан тетовец ги нападнал сопругата и ќерката, полицијата го уапси