Утрински Весник
Спорт

Глава горе, момци! Благодариме на посветеноста и одиме кон следниот предизвик!

Глава горе, момци! Благодариме на посветеноста и одиме кон следниот предизвик!

Македонската фудбалска бајка заврши во вторникот навечер на „Драгао“ во Порто, кога ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш даде два гола за 2:0 победа на Португалија и петто СП за неговиот соиграч Кристијано Роналдо.

Суров крај за македонските фудбалски навивачи, кои сакаа реприза од Палермо и победа над уште еден европски фудбалски џин за историски пласман на Мундијалот. Сепак, нема причина нашите фудбалери да се чувствуваат разочарано, бидејќи треба да знаат дека фановите се тука и во добро и во лошо.

Следна станица, Европското првенство во 2024, а потоа, зошто да не Мундијалот во 2026!

> Глава горе, момци! Благодариме на посветеноста и одиме кон следниот предизвик! <

Можете да прочитате

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028

Шок и тага во Шпанија: Фудбалер на Тенерифе почина по драмата на теренот

Евролига со високи казни за белградските екипи