Утрински Весник
Спорт

Обединетите Арапски Емирати и Австралија ќе играат бараж за пласман на СП

Обединетите Арапски Емирати и Австралија ќе играат бараж за пласман на СП

Фудбалските репрезентации на Обединетите Арапски Емирати и на Австралија ќе се судрат во бараж за последното директно место од Азија кое води на Мундијалот во Катар, откако ОАЕ стигнаа до сензационална 1:0 победа над Јужна Кореја.

ОАЕ имаа само поен предност пред Ирак на третото место во групата А пред последното коло, во кое Ирак гостуваше кај Сирија, а ОАЕ ги пречекуваше фаворизираните Корејци. Голот на тинејџерот Хариб Абдала Сухаил во второто полувреме беше доволен за победа, додека Ирачаните одиграаа само 1:1 со Сирија.

Иран, Јужна Кореја, Јапонија и Саудиска Арабија веќе обезбедија директен пласман во Катар.

> Обединетите Арапски Емирати и Австралија ќе играат бараж за пласман на СП <

Можете да прочитате

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари