Утрински Весник
Економија

Бектеши: КИЕЛ Македонија почнува со изградба на нова фабрика во ТИРЗ Тетово

Бектеши: КИЕЛ Македонија почнува со изградба на нова фабрика во ТИРЗ Тетово

Почнува реализацијата на нова инвестиција на КИЕЛ Македонија во ТИРЗ Тетово. Компанијата КИЕЛ која е водечки производител на седишта за возови, автобуси почнува со изградба на новиот производствен погон во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра. Во новиот производствен погон во Тетово кој ќе се простира на површина од 7.500 метри квадртарни предвидено е да бидат отворени 300 нови работни места од Полошкиот регион, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што напиша Бектеши, според планот за реализација со производството од новиот погон КИЕЛ Македонија ќе започне до крајот на 2022 година.

„ Министерството за економија даде согласност за потпишување на Договор помеѓу Друштво за производство на внатрешни компоненти КИЕЛ МАКЕДОНИЈА и НОРМАК ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП со што почнува реализацијата на оваа нова инвестиција“ напиша Бектеши на Фејсбук.

Можете да прочитате

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра