Утрински Весник
Култура

„Три дена култура” – младински уметнички фестивал

„Три дена култура” – младински уметнички фестивал

Art house Karev, културно – уметничка организација при скопската гимназија „Никола Карев“ и оваа година повторно физички, по четврти пат го организира фестивалот „Три дена култура 4“.

Оваа креативно движечка иницијатива е наменета за млади уметници и претставува простор во кој тие можат да си го престават својот креативен импулс, велат организаторите.

„Станува збор за фестивал со рекорден број на посетители низ годините пред пандемијата, фестивал од кој проникнале бендови кои денеска ја сочинуваат младата македонска рок сцена. Гимназијата „Никола Карев“ е место каде уметничката нота го наоѓа своето прибежиште, место каде културната слободата е најважната алатка. Фестивалот традиционално се одржува во гимназијата „Никола Карев“ и трае три дена, од кои првиот ден е наменет за краткометражни филмови, вториот за театарски претстави и перформанси, а третиот ден е наменет за музика, изложба. Оваа година нашиот фестивал ги отвора вратите и на литературата, преку креативен литературен конкурс“, велат организаторите.

Текстот „Три дена култура” – младински уметнички фестивал е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“