Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Владата враќа само мал дел од тоа што им скрати на пензионерите

ВМРО-ДПМНЕ: Владата враќа само мал дел од тоа што им скрати на пензионерите
Dik 300x250 mk

Владата враќа само мал дел од тоа што им скрати на пензионерите, недоволно ни за трошоците за зејтин во месецот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека потребно е покачување на пензиите од 20%.

„Во услови кога цените на основните продукти и горивата се покачени и за 70%, 1.000 денари за 3 месеци за пензионерите не се никаква помош, и не можат ниту да ги израмнат пензиите на куповно ниво од пред поскапувањата“, се додава во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат СДСМ да не гледа краткорочно за, како што велат, некоја ситна политичка корист и да го прифати предлогот на за покачување на пензиите за 20%.

„Тоа ќе ги израмни пензиите и ќе го зачува стандардот на пензионерите“, сметаат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт