Утрински Весник
Македонија

Во куќа во Гевгелија откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана

Во куќа во Гевгелија откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана

Во семејна куќа во Гевгелија е откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана. Притворено е едно лице поради опасност од бегство.

Според информациите од обвинителството, во една од собите на семејната куќа на улица „Илинденска“ во Гевегелија, во пластични саксии со хумусна земја, осомничениот засадил повеќе семки од растението канабис.

„ Во периодот од декември 2021 до 25 март 2022 година редовно ги наводнувал и прихранувал со ѓубриво, ги осветлувал со ЛЕД сијалици и ги затоплувал. Кога растенијата дошле во фаза на цветање, ги собирал цветните завршетоци, ги сушел и ги пакувал за продажба. При претрес во домот на осомничениот на 25 март биле пронајдени повеќе различни пакувања со поголемо количество марихуана, како и остатоци од исушени листови, цветови и гранки од канабис, но и опрема за одгледување на растението“ соопшти обвинителството.

Можете да прочитате

Нови 2.062 случаја на грип, сезонава три лица починати со грип

Сослушани сведоци на судењето за случајот „Онкологија“

Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ