Утрински Весник
Македонија

Ковачевски и премиерите на земјите од ЈИЕ членки на НАТО на состанок во Софија

Ковачевски и премиерите на земјите од ЈИЕ членки на НАТО на состанок во Софија

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски го започна учеството на Состанокот на шефови на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО.

Во фокусот на состанокот, чиј организатор и домаќин е претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков, се предизвиците за регионалната безбедност во контекст на руската воена инвазија на Украина.

Премиерите на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Република Бугарија Кирил Петков, на Република Романија Николае Чука и на Република Црна Гора Здравко Кривокапиќ ќе разговараат за координација на заедничките безбедносни стратегии наспроти ризиците и заканите од војната во Украина и за зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа.

На маргините на состанокот премиерот Ковачевски ќе оствари и билатерални средби со премиерите од регионот.

Можете да прочитате

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава

Сиљановска-Давкова: „Генералка Викенд” треба да стане генералка 365

Мисајловски: Ја зајакнуваме соработката со цел поголема безбедност за нашите граѓани