Утрински Весник
Македонија

Ковачевски и премиерите на земјите од ЈИЕ членки на НАТО на состанок во Софија

Ковачевски и премиерите на земјите од ЈИЕ членки на НАТО на состанок во Софија

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски го започна учеството на Состанокот на шефови на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО.

Во фокусот на состанокот, чиј организатор и домаќин е претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков, се предизвиците за регионалната безбедност во контекст на руската воена инвазија на Украина.

Премиерите на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Република Бугарија Кирил Петков, на Република Романија Николае Чука и на Република Црна Гора Здравко Кривокапиќ ќе разговараат за координација на заедничките безбедносни стратегии наспроти ризиците и заканите од војната во Украина и за зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа.

На маргините на состанокот премиерот Ковачевски ќе оствари и билатерални средби со премиерите од регионот.

Можете да прочитате

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс”

Посвежо време со северен ветер: Денеска дожд на северот, снег на високите планини

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година