Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Две години во НАТО, безбедни, сигурни и силни

(Видео) Каевски: Две години во НАТО, безбедни, сигурни и силни

На денешен, пред точно 2 години ја остваривме една од двете клучни национални стратешки цели – станавме полноправна членка на НАТО Алијансата. Две години безбедни, сигурни и силни, изјави портпаролот на СДСМ, ДАрко Каевски.

„ Македонското знаме гордо се вее пред седиштето во Брисел, а македонската Армија е рамо до рамо со најсилните армии во светот.

За жал, периодов со воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет се покажа колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена. Но истовремено, тоа ни покажува колку е важно тоа што Северна Македонија е членка на НАТО, благодарение на тој успех, денес нашите граѓани можат да бидат спокојни затоа што ја уживаме заштитата на НАТО Алијансата.

Во услови на безбедносна криза гледаме колку е важно членството во НАТО. НАТО значи безбедност и сигурност, неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државата. Од денешна перспектива се потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ да ги блокира одлуките во Собранието, Референдумот и Договорот од Преспа беа погрешни и на штета на државата.

Христијан Мицкоски му беше тешко да аплаудира во Собранието при ратификацијата на членството во НАТО“ рече Каевски.

Тој нагласи дека и покрај опструкциите и деструктивноста на опозицијата, успеале и ја оствариле стратешката цел, како што рече, заедно со граѓаните, со сите демократски сили во општеството.

„ Како што остваривме членство во НАТО, така ќе ја реализираме и втората стратешка цел, членство во ЕУ. Со СДСМ државата оди напред и како државотворна партија продолжува да ги реализира стратешките цели“ порача тој.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари