Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ашковски: Португалија е силна индивидуално, но ние сме одличен тим

Ашковски: Португалија е силна индивидуално, но ние сме одличен тим
Img 7972

Фудбалската репрезентација на Македонија го остава зад себе успехот во Палермно и веќе е комплетно насочена кон финалниот предизвик, Португалија во Порто во вторник.
Стефан Ашковски вели дека наш адут повторно ќе биде тимскиот дух.

„Сигурно е дека емоциите слегнуваат полека од тој меч со Италија и сега ни следува дуел со Португалија. Се надеваме дека ќе одиграме добро, ќе дадеме сè од себе да го израдуваме нашиот народ и себеси. Убеден сум дека можеме многу. Околу квалитетот не би сакал да говорам, Португалија е одлична репрезентација, на сличен квалитет како Италија. Се надевам на уште подобар меч од оној во Палермо. Противникот има добри индивидуалци, ама во фудбалот денес поважен е тимот. Исто и Италија имаше одлични индивидуалци, ама како тим не делуваа многу сплотени“, изјави Ашковски.

> Ашковски: Португалија е силна индивидуално, но ние сме одличен тим <

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер