Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Ковачки: Законот за внатрешни работи што сака да го донесе Спасовски не е во согласност со ГРЕКО и му овозможува да унапредува без критериуми

Ковачки: Законот за внатрешни работи што сака да го донесе Спасовски не е во согласност со ГРЕКО и му овозможува да унапредува без критериуми
Img 7972

Спасовски сака да го донесе Законот за внатрешни работи без консултирање на опозицијата, ЕУ и ОБСЕ, истиот не е во согласност со ГРЕКО и му овозможува да унапредува без критериуми, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Тој обвини дека со измените на Законот за внатрешни работи, Спасовски и СДСМ законски го разградуваат Министерството за внатрешни работи, преку унапредување на свои, партиски кадри дури со по 3 нивоа одеднаш.

„Некомпетентноста и нестручноста, надополнета со немањето доволно искуство и минат труд на партиските послушници во Министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе ги надополни со своето дискреционо право и наместо според критериуми и работен стаж, унапредувањето ќе го врши по сопствена, односно партиска волја. Измените на законот за внатрешни работи се носат без никаква консултација со опозицијата и со непочитување на насоките од Прибе за инклузивност во процесот на носење на Законите од безбедносната сфера, како и со игнорирање, односно неконсултирање и понижување на Европската Унија, ОБСЕ и други организации и институции кои во минатото помагаа и вложија сопствени средства и огромни напори, токму во системот на градење на кариера во Министерството за внатрешни работи“, изјави Ковачки.

Тој тврди дека предложените измени не се во согласност ниту со препораките од ГРЕКО на кои се повикува Спасовски. Со овој Закон, рече Ковачки, Спасовски го уништува системот на кариера, односно правилниот развој на вработените во Министерството за внатрешни работи. Тоа би значело дека лице кое е примено вчера на работа, може да биде унапредено и да му стане претпоставен на лицето кое го примило на работа, односно на неговиот довчерашен шеф кој е со децениско искуство и поминати обуки.

Ова е грубо кршење на системот за кариера и газење на принципите на субординација, додаде Ковачки.

Можете да прочитате

МВР: Казнет е возачот на службеното возило што дивееше низ Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Со молкот и неоградувањето на СДСМ, имаме легитимно право да сметаме дека тие се мотиватори на говорот на Тричковски

Од куќен, газдата на „Марковски компани“ оди во ефективен притвор