Утрински Весник
Спорт

Жиру на четири гола од рекордот на Анри, Франција со драматична победа над БСК

Жиру на четири гола од рекордот на Анри, Франција со драматична победа над БСК

Оливие Жиру го постигна својот 47. гол во дресот на француската репрезентација за да помогне светските шампиони да обезбедат 2:1 победа со Брегот на Слоновата Коска во пријателски меч.

Ѕвездата на Арсенал, Никола Пепе во 19. минута постигна убав гол за да го донесе африканскиот клуб во водство, за само три минути подоцна да проработи „врската“ од Милан – Тео Ернандез му асистираше на Жиру кој израмни на 1:1.

Со 47. гол во дресот на „триколорите“, ветеранот Жиру дојде на само четири гола од рекордот од 51 репрезентативни голови на легендарниот Тјери Анри.

Кога изгледаше дека африканската репрезентација обезбеди реми, Орелиен Чуамени во 93. минута постигна гол за победа на актуелниот светски шампион.

ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ

Франција – Брег на Слонова Коска 2:1

Норвешка – Словачка 2:0

Малта – Азербејџан 1:0

Романија – Грција 0:1

Луксембург – Северна Ирска 1:3

Босна и Херцеговина – Грузија 0:1

Сан Марино – Литванија 1:2

> Жиру на четири гола од рекордот на Анри, Франција со драматична победа над БСК <

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите