Утрински Весник
Магазин

Леона Луис ја потврди бременоста

Леона Луис ја потврди бременоста
Dik 300x250 mk

Британската пејачка Леона Луис ги потврди наводите за нејзината бременост, споделувајќи фотографија на која се гледа трудничкиот стомак и откри дека треба да се породи летово.

Таблоидите претходно шпекулираа дека пејачката на хитот Bleeding Love го очекува своето прво дете со сопругот, американскиот кореограф Денис Јауч, но немаше официјална потврда од парот.

А сега, Леона се огласи на Инстаграм за да сподели фотографија , направена од славниот фотограф Рахул Бат, на која е во тесен црн фустан. Во објавата напиша: „Едвај чекам да те запознаам летово!“

Леона и Денис едвај чекаат да станат тричлено семејство, извор близок до парот рече неодамна.

Поранешната победничка на „Икс фактор“ и кореографот роден во Германија, со кого се омажи во јули 2019 година по една деценија заедно, сакаа да основаат семејство веќе подолго време, па дури и размислуваа за посвојување.

Можете да прочитате

Објавени првите пет минути од новата сезона на Stranger Things

Откритие во Перу: Цртежи на храм-пирамида ја раскажуваат приказната за егзодусот на најстарата американска цивилизација

Фитнес рутина што ве води до потенок струк за само неколку недели